Напиток кој ја подобрува работата на цревата и ја враќа енергијата

05 Јан 2021
264 пати

Доколку имате проблем со забавена работа на дигестивниот тракт, можеби ќе ви помогне овој напиток.

Гастроентеролог Вил Булшевиќ открива рецепт за смути за кој вели дека може да ја регулира работата на цревата. Покрај тоа, со оглед што изобилува со витамини и минерали, му ја враќа енергијата на телото.

Булшевиќ препорачува дека е најдобро да се испие една чаша наутро, со појадокот.

Потребни состојки:

– 1 банана

– 1 шака лиснат зеленчук

– 1 шака боровинки

– 1 лажичка мелено ленено семе

– 1 лажичка чиа семе

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер, измешајте и напитокот е спремен.

Основата за смутито е банана, за која гастроентерологот вели дека е најдобро да биде замрзната. Бананата содржи многу растворливи и нерастворливи влакна кои ја подобруваат дигестијата и варењето.

Зеленчукот е задолжителен во овој напиток поради количината на влакна, а можете да додадете било што по ваша желба – спанаќ, целер, брокула, рукола… Не грижете се поради вкусот бидејќи нема ни да го почувствувате, но ќе му обезбедите на телото доволна количина на витамини.

Семињата како што се лен, чиа и други, ќе му обезбедат омега-3 масни киселини на организмот, кои се неопходни на секој од нас.

Комбинацијата од овие состојки, особено поради количината на влакна кои ги содржи, ќе ја поттикне работата на цревата, а со самото тоа и метаболизмот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)