Портокалите - суперхрана која штити од рак, висок холестерол и го чува телото од инфекции

04 Јан 2021
318 пати

                       Портокалите се високо рангирани како суперхрана која треба да ја конзумираме во текот на целата година, а особено во зимските месеци.

 

orange-GettyImages-887532536.jpg

          

 

Го зајакнува имунитетот - Содржи витамин Ц кој го јакне вашиот имунитет и ве штити од болести и инфекции.

Ја подобрува еластичноста на кожата - Како што старееме со нас старее и нашата кожа. Антиоксидантите и витаминот Ц во портокалот и даваат младешки изглед и го забавува нејзиното стареење.

Одличен е за видот - Освен рибата, и портокалот е одличен за вашите очи. Покрај Ц витаминот, содржи калиум и витамин А кои ќе го одржат вашиот вид добар и на постара возраст.

Спречува срцеви болести - Причините за срцевите заболувања кај луѓето лежат во блокираните артерии од нездраво хранење, како што е консумацијата на брза храна. Портокалите имаат флавоноиди кои го намалуваат нивото на холестерол и спречуваат блокада на артериите.

Помага во развојот на мозокот - Фолната киселина предизвикува развивање на мозокот и ги одржува виталните органи во форма. Одличен е за бремени жени, бидејќи спречува невролошки нарушувања кај бебето, доколку се консумира во текот на бременоста.

Штити од појавување на рак - Портокалот им помага на клетките да се борат против ракот, а во некои случаеви може да го спрече ракот на дојка, бели дробови и кожа.

Го спречува чирот на желудникот - Содржи влакна кои им помагаат на желудникот и цревата да ја одржуваат нивната здрава состојба.

Одличен за дијабетичарите - Портокалите се богати со растителни влакна и имаат висок гликемиски индекс што ги прави добра храна за дијабетичарите. Исто така вреди да се спомене дека портокалот има сладок вкус, што значи дека тие се совршен десерт за оваа група на луѓе.

Го спречува опаѓањето на косата - Го стимулира производството на колаген кој ги одржува ткивата на главата, поврзани со косата. Дава сјај и волумен со често консумирање.

Наместо да јадете брза храна и пиете газирани сокови кои го дујат вашиот стомак, за промена почесто консумирајте овошје и секое утро, цедете  два портокали кои ќе ви дадат енергија за цел ден.

 

 
 
 

 

 

 

orange-juice.jpg

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)