Шест моќни намирници кои штитат од загадениот воздух...

19 Дек 2020
378 пати

Кочани веќе некое време е  на листата на најзагадени градови во земјава. Не е одлично ниту во другите делови на Македонија, па затоа е добро да се знае како можеме со храна да ја олесниме штетата од отровните честички во воздухот.


Но, иако загадувањето ни го загорчува животот, има намирници кои можат да помогнат.
Истражувањата велат дека храната богата со витамини Ц и Е може да помогне во чистење на организмот, особено на дишните патишта, бидејќи тие се богати со антиоксиданси и имаат антиинфламаторно дејство.
Алфа-токоферолот, витамин Е содржан во маслиновото масло, има добар ефект врз функцијата на белите дробови.
Масните киселини од ова масло се исто така корисни за ублажување на воспалението.
Најдобар начин да се извлече најкорисното нешто од маслиновото масло е да се земе во салати, бидејќи високите температури можат да го променат неговиот хемиски состав и да ги ослабнат неговите лековити својства.

Ленено семе

leneno-seme-715x406.jpg

Лененото семе е богато со фитоестрогени и омега-3 масни киселини.
Фитоестрогените делуваат како антиоксиданти кои помагаат да се намалат симптомите на астма и други алергиски реакции.
Ленено семе можете да земате секој ден преку смути, салати и други јадења. Најдобро е зрната, пред конзумирање да се иситнат.

Авокадо

5d03954c-resize-820x0x100.jpg

Истражувачи од Лондон испитале дали витаминот Е може да го намали влијанието на загадениот воздух врз белите дробови.
Студијата покажала пониско ниво на витамин Е кај оние кои имаат проблеми со белите дробови како астма, и затоа истражувачите заклучиле дека конзумирањето храна богата со витамин Е, како што се авокадо и спанаќ, може да помогне во сузбивање на лошите ефекти на некои штетни честички од воздухот.

Брокула

brokula.jpg

Клиничка студија од Универзитетот Џон Хопкинс открила дека луѓето кои јадат брокула лачат токсини поврзани со загадениот воздух.
Оваа секреција е последица на присуството на сулфорафан, антиканцерогено соединение што го содржи брокулата.

Домати

domati-960x643.jpg

Во вашата исхрана треба да вклучите и многу свежи домати, кои се богати со ликопен. Тоа е антиоксиданс кој штити од респираторни заболувања.

Бело вино

Belo-vino-od-sorta-smederevka.jpeg

Виното се прави од грозје, и има високо ниво на антиоксиданти. Некои студии покажале дека постои врска помеѓу потрошувачката на вино и здравјето на срцето и респираторниот систем.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)