Домашен сок кој содржи цинк и витамин Ц и го зајакнува имунитетот...

17 Дек 2020
411 пати

Одржувањето на здравјето на имунолошкиот систем е клучно за здравјето на целиот организам, особено во текот на пандемијата на коронавирусот.

Избалансираната исхрана и физичката активност се најдобрите чувари на имунитетот, но природата нѝ овозможува многубројни благодети кои можеме да ги искористиме за детоксикација на организмот и зајакнување на неговиот одбранбен механизам.

Во продолжение, ви претставуваме едноставен рецепт за сок кој се припрема од природни, органски намирници кои се полни со витамини и минерали, а некои од нив содржат цинк (какао и ленено семе).

Цинкот е еден од најважните минерали за зајакнување на имунитетот, но е значаен и за здравјето на клетките и нивна заштита од оксидативен стрес.

Потребни состојки:

– 4 јаболка

– 5 моркови

– 3 лимони

– 3 портокали

– 1 лажичка свежо изрендан ѓумбир

– ½ куркума во прав

– 2 лажички ленено семе во прав

– 2 лажички какао во прав

Начин на подготовка:

Излупете ги и исечкајте ги морковите и јаболката. Исцедете го сокот од лимоните и портокалите, додајте ги сите останати состојки и ставете 300 мл. вода. Сè заедно изматете во блендер, а потоа добиениот сок ставете го во шише и чувајте го во фрижидер.

Сокот може да стои до 3 дена во фрижидер, а се препорачува негово секојдневно консумирање. Доколку сакате поблаг вкус, можете да додадете малку мед или стевиа.

Како состојките од овој сок влијаат на нашето тело?
Ѓумбир – многумина го сметаат за најздрав зачин на светот затоа што има антивирусно, антифунгално и антивоспалително дејство. Помага при настинки, грип, гадење и е идеална состојка во чаевите, соковите и супите за зајакнување на имунитетот.

Куркума – индиски зачин кој се користи за превенција на воспалителни процеси во телото и за заштита на клетките од слободните радикали.

Какао во прав – содржи полифеноли, магнезиум, цинк и бројни минерали. Кога ви се јаде нешто слатко, се препорачува наместо млечно, да јадете чоколадо со најголем можен процент на какао.
Ленено семе – содржи цинк и омега масни киселини кои позитивно влијаат на здравјето на срцето, како и изобилство на други вредни хранливи материи.

Лимон и портокал – супер здрави цитруси кои се богати со витамин Ц, го регулираат нивото на pH вредноста во организмот, односно го алкализираат организмот и поттикнуваат правилно функционирање на метаболизмот.

Јаболко – одличен извор на витамин Ц и растителни влакна. Јаболкото позитивно влијае на намалување на телесната тежина, регулирање на шеќерот во крвта и зајакнување на имунитетот.

Морков – содржи важни минерали, витамини и антиоксиданти кои помагаат при лекување на настинка, го регулираат крвниот притисок и го зајакнуваат имунитетот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)