Зад сладоледот стои љубовна приказна, во минатото го јаделе само богатите, а Реган толку го сакал што прогласил месец на сладолед

02 Мај 2020
322 пати

Зад изумот сладолед во корнет стои една прекрасна љубовна приказна. Имено, сладоледот во корнет го измислила една девојка која продавала сладолед во Лузијана. Се случило вака: едно момче и подарило цвеќе завиткано во хартија, па таа се сетила на сличен начин да му возврати. Направила еден фишек од обланда и во него ставила сладолед. Било тоа во 1904 година.

Марко Поло го донел рецептот во Италија

Првата приказна за сладоледот се врзува со Марко Поло. Се верува дека сладоледот за првпат е направен на Далечниот исток, а Марко Поло го донел тој рецепт во Италија. Една друга приказна за сладоледот вели дека уште во времето на Персиската војна, Александар Македонси својата војска ја освежувал со сладолед. Трета приказна тврди дека во минатото сладоледот се послужувал само на трпезите на кралевите и благородниците. Во тоа време претставувало вистински луксуз некого да го послужите со топка сладолед на топлото време.

Американците се најголеми „јадачи“ на сладолед

Како и да е, факт е дека првата фабрика за сладолед е изградена во Америка, во 1851 година. Но, производството се развило дури после 1900 година кога се усовршиле новите системи за ладење. И не е ни чудо што за најголеми јадачи на сладолед се сметаат токму Американците. Дури 98 отсто од домаќинствата во САД без разлика на сезоната редовно купуваат сладолед. По нив се жителите на Нов Зеланд, Данска, Австрија, Белгија и Луксембург, па Шведска, Канада, Норвешка, Ирска и Швајцарија.

Реган прогласил месец на сладоледот

Меѓу бројните славни обожаватели на сладолед бил и Елвис Присли. Роналд Реган пак, во 1984 година месецот јули го прогласил за национален месец на сладоледот. Ваков национален месец денес не постои, зашто е укинат од Барак Обама, кој наводно се заситил од сладоледот уште додека бил момче работејќи во една слаткарница

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.