УНИВЕРЗИТЕТ ОД СИНГАПУР ПРЕДВИДЕ: На 16 јуни коронавирусот ќе го снема во Македонија ?

29 Апр 2020
2034 пати

Коронавирусот од Македонија си оди 99 oтсто на 22 мај, а целосно на 16 јуни. 

Сингапурскиот универзитет за технологија и дизајн ова го наведува во извештај за тоа кога епдиемијата со Ковид 19 ќе заврши. 

Вирусот на светско ниво ќе биде актуелен најдоцна до 1 декември 2020 година.

Од коронавирусот најбрзо во регионот ќе се ослободи Хрватска, за која предвидениот краен рок е 15 јуни. Во Србија ќе трае до 23 август, а во Грција до 11 јули. 

Најдолго со Ковид-19 ќе се бори Албанија, каде што како датум кога ќе заврши заразата е наведен 7 октомври.

За Турција рокот кога вирусот ќе го снема е 30 јули, САД 9 септември, Русија 7 август, Ирска 19 септември, Финска 29 август, Шведска 26 септември. 

Во Иран коронавирусот ќе го снема 100 отсто на 28 септември. 

Во Австрија ќе заврши на 13 јуни, а во Швајцарија на 7 јули. 

Брзо ќе го снема во Нигер, на 12 мај, а во Јордан на 22 мај. 

Во Виетнам коронавирусот 100 отсто ќе го снема на 15 мај. 

Во Андора ќе го снема на 3 јуни, а во Луксембург на 5 јуни.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.