Во Скопје – Се одржа голем балкански карате семинар

15 Апр 2019
221 пати

Членовите на КРА Нико од Кочани беа најбројниот клуб на Големиот балкански карате семинар што викендов

се одржа во Скопје, кој, според посетеноста, ги надмина сите досегашни семинари, со над 140 учесници, а разновидноста на мјастори од боречките вештини му даде посебен шмек. Токму кочанскиот аикидо мајстор Николчо Гоцев, кој е и карате мајстор, беше главен асистент во демоснтрациите на техниките за самозаштита на шихан Тони Петров од Бугарија, мајстор за џиу џицу и карате. Со семинарот раководеа инструкторите шихан Тони Петров од Бугарија – 7 дан, сенсеи Зоран Пејов од Македонија – 5 дан и шихан Милан Ѓокиќ од Србија – 7 дан, а сенсеи Ранко Вукотиќ (5 дан) од Црна Гора од оправдани причини не беше дел од мајсторите, со целосна емоција се внесоа во пренесување на техниките, како за самоодбрана, така за поентирање во спортското карате и изведба на кати, како и други елементи. Семинарот свечено беше отворен од генералниот секретар на Сојузот на спорстки федерации на Македонија, Борче Боев, во присуство на учесници од Македонија, Бугарија, Србија и Турција, како и претставници од аикидо, џиу џицу и бразилско џиу џицу. Членската книшка број еден во Карате федерацијата на Македонија, Димче Јанковски, доби посебно признание за неговиот придонес во македнското карате. Семинарот го удостои претставникот на бугасрката амбасада во Македонија, Димитар Иванов Димитров. „Грандиозен семинар! Ви благодарам што ни овозможивте вистинско уживање“, изјави кратко по семинарот шихан Мила Ѓокиќ. И шихан Тони Петров не го крие своето задоволство, истакнувајќи дека ова ги зближува народите од регионот и се надева дека догодина ќе има уште повеќе учесници. Домаќинот Зоран Пејов од Карате центарот „Пејов“ им се заблагодари на сите учесници, упатувајќи покана идната година повторно да бидат дел од Големиот балкански карате семинар во поголема бројка. Кочанчани имаа поголема улога во овој семинар ако се има во предвид дека Венцо Донев е еден од иснтрукторите во КЦ „Пејов“ и алфа и омега околу организацијата. А и Борче Боев по мјака е кочанчанец. Годинава семинарот почна од Софија на 22 и 23 март, вчера и завчера во Скопје, а продолжва во: Скопје – Македонија (12 и 13 април) Ниш – Србија 7 и 8 јуни Будва – Црна Гора 20–23 јуни.
Ipon.mk

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.