Со инстант лозот БИДИ ВИП - ВОЗИ ЏИП од Скопје за Прилеп

14 Мар 2019
90 пати

Од 01.11.2018 година Државна лотарија на Македонија го пласираше инстант лозот БИДИ ВИП - ВОЗИ ЏИП во

соработка со Аutomobile SK, а денес (13.03.2019) додели уште еден автомобил JEEP COMPASS, кој е една од 10-те главни добивки во овој инстант лоз.
Дел од овие автомобили веќе се возат низ улиците на Куманово, Кавадарци, Охрид и Скопје, а од денес ќе се вози и во Прилеп.
Елена Видановска Илиеска од Прилеп е редовен играч на инстант лотарија. Секој ден купува по неколку инстант лозови, меѓу кои најомилен и е лозот БИДИ ВИП ВОЗИ ЏИП. Пред неколку дена од продажното место Тобако Плус во Прилеп купила 5 инстант лозови, два од нив имале добивка по 70 денари. Утредента, ги заменила за нови два лоза и докупила уште три нови. Едниот лоз, под заштитниот слој и донел три симболи на автомобил. Денес во Скопје, Елена и нејзиниот сопруг ги добија клучевите од Марјана Станојковска, а од тука со својот нов автомобил заминаа за Прилеп.
Видно возбудени и среќни , на сите им порачаа дека упорноста во игрите на среќа се исплати, па затоа пронајдете го и вие вашиот среќен инстант лоз и заминете си со нов автомобил JEEP COMPASS.


ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.