В сабота, на 23 јуни - изложба на „буби“ во Кочани

22 Јун 2018
525 пати

В сабота, на 23 јуни 2018 г., на Големиот паркинг кај Трговскиот центар во Кочани ќе се одржи Изложба

на автомобили од моделот на фолксваген.
Пред кочанската јавност ќе бидат претставени педесетина модели на популарната „буба“ од цела Европа, со систем на воздушно ладење.
Организатори на настанот се Александар и Влатко Јовановски од Кочани, кои веќе по четврти пат приредуваат ваква презентација на возила во Кочани.
Настанот ќе трае од 12:30 до 15 ч., а во тој период ќе биде затворен за сообраќај потегот од Крушарскиот мост до Шопинг-центарот.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.