СО 80 ДЕНАРИ ДО 15.000 ЕВРА од НовоЛото 7/34

14 Јул 2017
727 пати

55-тото коло во 2017 год. на НовоЛото 7/34 донесе добивка „6+1“ , вредна 925.378,00 денари.

Среќниот добитник ги уплатил своите среќни броеви во Велес, во продажното место “Тобако Марко“. Уплатил четири комбинации, а добивката му ја донела третата комбинација од седум броеви. Извлечени броеви во ова 55-то коло на НовоЛото 7/34 беа : 8,9,10,18,25,26,27 и дополнителниот број 23. Токму овој дополнителен број е бројот кој ја прави разликата помеѓу добивките „шестка“ и „шест плус еден “, а во ова 55-то коло му донесе близу 1.000.000 денари на среќниот добитник од Велес.
Добивката „6+1“ како една од поголемите добивки во НовоЛото 7/34, следува само неколку кола по добиената седумка вредна 6.000.000 денари , која во 48-то коло на НовоЛото 7/34 замина во рацете на брачен пар од Куманово .
Во очекување на добитникот на 6+1 во просториите на Државна лотарија на Македонија , ви порачуваме да ги играте вашите среќни НовоЛото броеви , и да ја очекувате најголемата добивка во Македонија , вредна 6.000.000 денари .

ЗА ДОБРО !
Државна лотарија на Македонија

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.