Јана од Кочани победник на конкурсот „Животните и водата“, ќе патува во Париз

12 Јун 2017
1978 пати

Брендор Ладна трета година по ред ги испраќа во Дизниленд двајцата најталентирани меѓу младите

уметници кои учествуваа на конкурсот „ Животните и водата“. 4 годишната Марта од Прилеп и 9 - годишната Јана од Кочани со своите семејства ќе отпатуваат на три дена во најзабавниот детски парк во Париз каде живеат најобожуваните цртани херои.
Натпреварувањето беше поделено во две категории, деца на возраст од 4 до 7 години и од 7 до 10 години. Стручното жири имаше многу тешка задача да избере по три најубави цртежи од двете категории на Ладна конкурсот.
Добитниците на вторите места добија годишни курсеви за цртање а третите двајца добија таблети за цртање.
Сите ликовни творби на најмлаите уметници беа изложени во мултимедијалниот центар Мала станица каде се одржа голема забава за сите дечиња со изведбите на детскиот хор Поточиња.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.