Инстант лозот АВАНТУРА го поднови семејството Костадинови со KIA SPORTAGE

27 Јан 2017
924 пати

Најновиот инстант лоз на Државна лотарија на Македонија, АВАНТУРА донесе уште една главна

премија , KIA SPORTAGE . Првиот KIA SPORTAGE веќе се вози по улиците на Кичево , а вториот ќе се вози во Велес. Семејството Костадинови од Велес својот инстант лоз го купиле во Скопје , на Среќното Место на Државна лотарија на Македонија кое се наоѓа во Скопје Сити Мол.
Семејството Костадинови заедно со своите два сина купиле четири инстант лозови АВАНТУРА, колку што членови брои и нивното семејство. Еден лоз им донел 60 денари, еден 40 денари и еден три знаци за автомобил . Се решиле да гребат АВАНТУРА, бидејќи ова е најновиот лоз во семејството инстанти на Државна лотарија на Македонија, а воедно и нивниот омилен ,семеен. Клучевите од автомобилот KIA SPORTAGE им ги врачи Марјана Станојковска пред Капитол Мол во Скопје и семејството замина со својот нов автомобил на пат кон Велес .
Инаку , инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари. Вкупниот фонд на добивки е 37.530.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Добивката се дознава со гребење на малите автомобили, под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи. Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми. Добивката автомобил е остварена ако во 3 (три) од деветте полињата се откријат симболи на автомобил.
Ова е прв член на семејството на инстант лозови што нуди SUV класа на автомобил. Инстантот е подготвен врз основа на истражувањата на пазарот во контакт со играчите на игри на среќа кои за најпосакуван автомобил од класата на SUV го посочија токму Kia Sportage, што се совпаѓа со прогласувањето за ‘лидер во квалитет’ за 2016 година.
Играчите на инстант лозот ‘Авантура’ за 60 денари имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки.
Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!


ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.