Кочани во жолто-црвено… Победнички на СП во Франција

15 Јан 2017
4059 пати

Кочани е на Светското првенство во ракомет што се игра во Франција. Во групата во Мец, каде е и нашата репрезентација, се наоѓа екипа од петмина „момчиња“

облечени во жолто-црвено. Засилени се со кочанец, кој од поодамна работи во Швајцарија.
И...победите се редат, две до сега две, над Тунис и Ангола. Следува Словенија, па ќе видиме.
Екипата од Кочани е една од најатрактивните и најфотографираните, впечатлива со својот „стајлинг“. Им посакуваме што подолг престој во Франција, барем до борбата за медали...

Оценете ја оваа вест
(4 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.