АВАНТУРА донесе KIA SPORTAGE во Кичево

05 Дек 2016
273 пати

Најновиот инстант лоз на Државна лотарија на Македонија наречен АВАНТУРА ја донесе првата премија во

Кичево. Првиот KIA SPORTAGE ќе се вози по улиците на Кичево , иако добивката е постигната во Охрид во Среќното Место ВЛАДИЈА на ул. Туристичка .
Кичевчанецот Душко Софески заедно со својот син купил два инстант лоза АВАНТУРА. Се решиле да гребат АВАНТУРА, бидејќи ова е најновиот лоз во семејството инстанти на Државна лотарија на Македонија. Откако купиле еден лоз, кој бил недобитен, се решиле да си ја пробаат среќата со уште еден и не погрешиле. Токму вториот лоз му ја носи и првата премија , автомобилот KIA SPORTAGE. Душко ги доби клучевите од Марјана Станојковска пред Капитол Мол во Скопје и заедно со своето семејство замина со својот нов автомобил на пат кон Кичево .
.
Инаку , инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари. Вкупниот фонд на добивки е 37.530.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Добивката се дознава со гребење на малите автомобили, под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи. Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми. Добивката автомобил е остварена ако во 3 (три) од деветте полињата се откријат симболи на автомобил.
Ова е прв член на семејството на инстант лозови што нуди SUV класа на автомобил. Инстантот е подготвен врз основа на истражувањата на пазарот во контакт со играчите на игри на среќа кои за најпосакуван автомобил од класата на SUV го посочија токму Kia Sportage, што се совпаѓа со прогласувањето за ‘лидер во квалитет’ за 2016 година.
Играчите на инстант лозот ‘Авантура’ за 60 денари имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки.
Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!


ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.