100.000 евра за верен играч на НовоЛото 7/34 од Куманово

27 Окт 2016
478 пати

84 –то коло на НовоЛото 7/34 , чие извлекување се одржа на 19.10.2016 година на ТВ Сител, го донесе и

четиринаесетиот добитник на главната премија од постоењето на НовоЛото 7/34. Кумановчанецот И.Ј. е добитник на 6 000 000 денари , премијата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија, за седум погодоци . Добитникот е пензионер од Куманово , кој веќе долги години е играч на лото и постојано ги игра истите 8 броеви. Секоја среда и сабота го уплатува своето НовоЛото ливче во за него среќното место КЕОПС во Куманово. Овие броеви се покажале како среќни и изминатата година кога бил добитник на шестка во НовоЛото. Системот од осум броеви и во ова 84 коло во 2016 година му носи седумка , но и дополнителни 7 „шестки„. Паричните средства кои ги освои се уште не знае како ќе ги искористи , бидејќи и не се надевал дека ќе освои толкава сума на пари , па токму затоа истите броеви ги претплатил за две кола, т.е. за 84 и 85 коло.
Оваа седумка е втора во 2016 година , и доаѓа веднаш, по само три кола по најголемата од постоењето на НовоЛото 7/34 која беше вредна 440 000 евра. Фондот за седумка од наредното коло, повторно ќе биде 6.000.000 денари, сумата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија , но не заборавајте да ја играте и дополнителната игра Џокер каде премијата е 600.000 денари , бидејќи само КОЈ ИГРА ТОЈ И ДОБИВА.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.