Сандра – најубава жетварка

15 Окт 2016
705 пати

Сандра Петрова e најубавата жетварка за 2016-та година. Прва придружничка е Јована Михаилова, а на пиедесталот на најубавите, на третата скала, како втора придружничка, се најде, Тања Серафимова. Наградите

и признанијата на девојките им ги предаде гадоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.
Овогодишниот избор на жетварска убавица беше збогатен со концерт на групата „Теди Лајон селекшн“, чиј шеф е Тодор Василов – Тошко, роден виничанец, кој низа години работи и живее во Пореч, Хрватска. Тошко во осумдесетите години од минатиот век беше член на „Триангл“, рок-бенд, кој според музиката што ја создаваше тогаш, стои „рамо до рамо“ на „Леб и сол“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.