ДНК го промовираше новиот албум

11 Мај 2016
480 пати

Македонското R’n’B дуо, ДНК, синоќа пред голем број

на колеги, соработници, познати лица од естрадата, спортисти, медиуми, пријатели, роднини и спонзори го промовираше својот најнов албум „Уште еден ден“. Албумот кој важеше за најочекувано музичко издание за оваа година на некои наши изведувачи привлече голем број на познати лица од нашата држава, кои синоќа дојдоа во скопскиот ресторан Воденица со цел да ги поддржат Панчо и Андреј, но и да уживаат во прекрасната атмосфера која вчера буквално ги понесе сите присутни.

На албумот се наоѓаат 12 композиции од кои седум се нови, а останатите пет беа промовирани како синглови претходно и веќе се хитови на радио станиците.

Најпопуларната македонска манекенка, Катарина Ивановска, поп ѕвездата Елена Ристеска, македонските ракометни репрезентативци Столе Стоилов и Дејан Манасков, популарните наши пејачи Сара Мејс, Влатко Лозановски, Дарко Илиевски, Викторија Лоба, Роберт Билбилов, Бени Шакири, Златко Ориѓански, водителките Лила Филиповска, Јелена Спенџарска и уште многу новинари беа дел од коктел забавата која според многумина присутни досега била најдобра промоција на албум на било која наша македонска група.

Панчо и Андреј заедно со композиторот Лазар Цветковски, кој инаку е и автор на песните, се обратија на почетокот на забавата пред присутните и притоа открија дека „Уште еден ден“ е албум работен со многу љубов, посветено и трпеливо, со цел финалното дело на крај да биде токму онака како што го посакувале и го замислиле на почетокот.

За време на промоцијата на „Уште еден ден“ беше претставен и видео записот за новиот сингл на познатото дуо, насловен како „Стојам сам“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.