Поскапува ли и обуката и полагањето за возачка дозвола? Колку треба да издвоите?

18 Ное 2021
577 пати

Дел од авто школите веќе ги поскапеа цените за услугите што ги нудат, додека дел работат сè уште по стари цени, но не уште долго. Имено, од 01.12.2021 година цената на обуката ќе се покачи за 30%, односно кандидатите кои ќе сакаат да дојдат до возачка дозвола и ќе уплатат часови пред овој датум ќе платат по стара цена, 21.000 денари, цена која горе-долу варира зависно од авто-школата која ќе ја одберете. Причината за ваквото поскапување е покачувањето на цените на основните ресури за работа во оваа дејност, односно покачување на горивата од 48%, известуваат дел од авто-школите.

257736562_2096913487129175_6816656831078577994_n.jpg

Освен часовите кои ги зема секој кандидат пред да полага тестови, а потоа и полигон и градска, автошколите најавуваат и поскапување на услугите како што се земање на дополнителен час, па така наместо досегашните 600 денари кои кандидатите ги плаќаа со поскапувањето се очекува оваа цена да се движи од 800 денари за школски час од 45 минути.

Testovi-za-avto-skola.jpeg

Здружението на Автошколите на Македонија во писмена форма побара од Владата да се покачи цената на 26.000 денари, со што преку официјално соопштение до граѓаните веќе ќе биде јасно дека и услугите од оваа дејност се зголемиле во сите авто-школи без исклучок.

Цените на тестовите, полигон и полагање на градско возење остануваат непроменети. На оваа тема Радио Кочани разговараше со дел од сопствениците на Авто школите во Кочани, кои ни изјавија дека бараат кандидатите овие средства да ги уплатуваат директно на жиро сметка на Авто школата. Имено досега, праксата покажала дека има примери, во одредени прилики кандидатите да плаќаат на рака, во ќеш. Со ваквата постапка, велат нашите соговорници, може лесно да се изманипулира основната минимална цена, што претставува кршење на законот и повлекува казна и за самите кандидати за обука. Имало случаи и кога при вадење на лекарско уверение, поединци ги наведувале идните кандидати, за помала сума да ја спроведат обуката, набрзина и понеквалитетно, што е исто така надвор од Законот и се казнува. Сите се согласуваат за фер игра и лојална конкуренција. Да се натпреваруваат со одлично опремени возила и врвни инструктори, каде квалитетот на обуката ќе биде во прв план, а тоа се разбира ќе придонесе, новопечените возачи полесно да се снаоѓаат во сообраќајот и доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)