Колку соларни панели се потребни за едно просечно домаќинство?

09 Ное 2021
580 пати

Кога вградувате самостоен фотонапонски систем, тоа значи дека не сте зависни од мрежата и може да трошите само толку електрична енергија колку што ќе произведете. Пресметувањето на потребна електрична енергија се прави со множење на моќноста на секој уред со бројот на работни часови во текот на денот. На крајот се собираат сумите за сите уреди и се добива потребата за електрична енергија на домаќинството. На пример, бојлер со моќност од 2.000 вати кој дневно е вклучен 3 часа троши 6.000 ват-часа електрична енергија дневно. Според просечни податоци за електрична енергија што ги трошат овие уреди, се добиваат 12.750 ват-часа, односно 12,75 киловат-часа, дневно за домаќинството. Еден просечен соларен панел во просек ефективно работи 4-5 часа дневно и произведува 1,125 киловат-часа енергија. Тоа значи дека за просечно домаќинство се потребни 12 соларни панели. Освен соларните панели, потребни се и соларни батерии и инвертор.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)