Oд денеска поевтини цени на горивата

09 Ное 2021
253 пати

Бензините и дизелот поевтинија за половина денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за денар.


Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 78,5 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се точи за 67,50 денари, а новата цена на екстра лесното масло за домаќинствата е 66,5 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 0,690 денари и килограм чини 41,445 денари.
Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 процент во однос на утврдените цени пред една недела.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)