Од идната недела во Македонија енергетска кризна состојба

04 Ное 2021
568 пати

Дури во вторник Владата ќе одлучи со колку пари ќе им се помогне на енергетските компании за да ги покријат трошоците за набавка на струја, кога се очекува да биде прогласена кризна состојба. Во моментов има на располагање 100 милиони евра пари останати од Ковид мерките. Иако беше најавено дека барањето за кризна состојба ќе се достави денеска до Влада, предлогот ќе стигне дури во вторник на владина седница, а во следните два дена, министертвото за економија ќе се работи исклучиво на формирање комисија за прогласување на кризна состојба. Прогласувањето нема да донесе рестрикции, таа ќе стапи во сила само за да може да им се помогне на компаниите и да се овозможи увоз на струја ако има потреба од тоа.

Од Мепсо побараа помош од 30 милиони евра, ЕСМ пак има потреба од средства да го плати увозот на јаглен, затоа што компанијата во буџетот за годинава нема предвидено пари за тоа.

За прогласување на кризна состојба владата за време на изборен молк донесе нова уредба. За дел од експертите во моментов е решение со кое може најбрзо да се делува.

За други пак со ваквиот потег многу се доцни. Според критериумите во уредбата земјава одамна е во последна фаза на кризна состојба, затоа што не може да покрие повеќе од 40 проценти од потребите на струја. 

ЕСМ пак утре ќе соопшти од каде и по која цена ќе го набави јагленот. Очекувањата се првите количини да пристигнат до крајот на месецов. залихи нема да се трупаат ќе се внесува онолку колку што ќе биде потребно во денот. А во земјава ќе се транспортира со камиони.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)