Зрновци – Информацијата е моќ, работилница на „Јавор“

03 Ное 2021
388 пати

Во Зрновци во организација на Здружението за рурален развој Јавор беше организирана работилница како

дел од проектот "Информацијата е моќ", со целни групи млади земјоделци и жени претприемачи-земјоделки.
На истата, меѓу повеќето се разработуваа и темите: вода, заштеда и кампања на заштита на водите.
На покана на претседателката на Здружението „Јавор“ Жаклина Голчева присуствуваше и градоначалникот на Општината, Борчо Коцев. Говорејќи на работилницата, Коцев ја истакна подршката за Невладините организации и можноста за соработка за реализирање на заеднички идни проекти од интерес на сите граѓани на Општина Зрновци .

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)