РКЕ: Бензинот поскап, дизелот поевтин

02 Ное 2021
170 пати

Нов скок на бензините бележи новиот ценовник на РКЕ. Од друга страна дизелот поевтини.

Согласно новата одлука на регулаторното тело од денес ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 77 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава 79 денари за литар.
Од друга страна оние кои возат автомобили на дизел ќе плаќаат чини 68 денари за литар.
РКЕ пак одлучи Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) да чини 67,5 денари за литар. Мазутот М-1 НС пак ќе биде 42,135 денари за килограм.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)