Хрватска повлече два пијалока на брендот „Јана“ СОДРЖАТ ЕТИЛЕН ОКСИД

10 Сеп 2021
1324 пати

Ризикот од присуството на етилен оксид во производот е оценет како сериозен.

Поради присуство на етилен оксид во пијалакот во Хрватска се повлечени два пијалака од брендот „Јана“.

Хрватските медиуми информраат дека се работи за пијалакот Јана витамин хепи со портокал – Jana Vitamin narandža happy од 1,5 литар во PET амбалажа со рок на важење 13.01.2022 и Jana Vitamin narandža happy од 0,5 литри исто така во во пластично шише со рок на важење до 20.01.2022.

Хравтската агенција за храна наведува дека производите не се во согласност со европските уредби за максималните нивоа на остатоци од пестициди во храната.

Ризикот од присуството на етилен оксид во производот е оценет како сериозен.

Пијалокот е произведен во загрепската фабрика „Јамица плус“ Д.О.О, а земја на потекло е Словенија.

Овој пијалак може да се најде и во продавниците во нашата земја, но засега е непознато дали ги има и пакувањата кои имаат рок на употреба до 13 односно 20 ануари следната година  проеизведени во Хрватската фабрика

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)