Виница – Ќе се гради покриен пазар

05 Апр 2021
263 пати

Општина Виница продолжува со реализација на крупни капитални проекти. Се работи за изградба на нов

комплекс на покриен градски пазар, проект кој беше ветуван многу години наназад. Имено, станува збор за покриен пазар кој ќе биде составен од отворен и затворен дел и тоа со вкупна површина од 1810 м2.
На приземниот дел се планираат дуќани за продажба на овошје и зеленчук, млечни и месни производи, административна просторија, како и санитарни јазли. Останатата површина ќе биде планирана за продажни места, патеки за движење на пешаци и возила.

vp1.jpg
Второто ниво ќе биде катна гаража за паркирање и пристапна рампа за лица со посебни потреби.
„Капиталните инвестиции, вложувањата во инфраструктурни проекти на локално ниво, како предуслов за подобрување на условите за живот на нашите граѓани, но и развојот на Општина Виница остануваат приоритет за мене“, изјави градоначалникот Ивица Димитров.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)