Горивата од полноќ поевтинуваат до денар и пол...

29 Мар 2021
141 пати

 Горивата од полноќ поевтинуваат до денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, а дизелот за денар и пол.

Согласно оваа нова одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 66 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 68 денари за литар, а дизелот за 55 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 44,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,966 ден/кг и сега ќе изнесува 34,426 ден/кг. 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)