Се договорија власта и опозицијата – деблокиран Петтиот пакет економски мерки...

25 Мар 2021
320 пати

Падна договор меѓу власта и опозицијата. На 36. собраниска седница беше усвоена потребата од носење на законите од петтиот сет на економски мерки. Власта и опозицијата заедно ја  изгласаа потребата од трите предлог закони за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, за финансиска поддршка на работодавачите и за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

Потребата од носењето на законите од петтиот сет мерки беше усвоена со 85, и со 86 гласови „за“ и без „против“ и „воздржан“. Предлог – законите ќе ги разгледа матичната Комисија за финансирање и буџет и Законодавно – правната комисија.

Останатите точки, освен Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба, заради заштита од илегална миграција во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација, по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски беа повлечени од 36. собраниска седница со 87 гласови „за“, без „против“ и „воздржани“.

Со ова власта и опозицијата заедно го изгласаа днениот ред на 36. седница само со четири точки. Останатите 26 по итна постапка ќе бидат ставени на друга собраниска седница.

– Очигледно дијалогот вроди со плод и сега се наоѓаме на почетокот на 36. седница. Загрижени за 12 илјади компании и работниците што очекуваат плати за февруари и март, и за да бидеме во духот на разбирањето, барам поддршка за повлекување на останатите предлог закони, рече Мицевски.

Според спикерот Талат Џафери, добро е што работите се одвиваат овде внатре во Собранието.

-Покажавме дека имаме капацитет и каде ни е местото и одоговноста, да имаме институционална комуникација, рече Џафери.

За координаторот на пратеничката група Јован Митревски, рече дека ќе го подржат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Изразувам жалење за измена на дневниот ред бидејќи битни закони меѓу нив и за статусот на професионалните војници. И благодарам на опозицијата што победи разумот се вратија во салата и заедно ги гласаме, рече Митревски.

Пратеникот на Левица Димитар Апасиев рече дека добро е што покажавме дека победи разумот и дека не ни требаат странски емисари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)