Виница – Комуницираме со унгарски Khronos кој финансира проекти од екологијата во вредност од 400 000 евр

25 Мар 2021
188 пати

Во изминатиот период сме во интензивна комуникација со Центар за развој на источно плански регион и

,,Khronos” - Здружение од Република Унгарија кои планираат да отворат и канцеларија во Република Северна Македонија за поддршка на проекти за развој на општините, информираат од Локалната самоуправа на Општина Виница.
,,Khronos” - Здружението од Република Унгарија веќе е присутно во Р. Србија, Р. Црна Гора и Р. Хрватска.
Се работи за Програма која ќе опфаќа пред се инвестициски, сложени проекти (со минимална вредност од 400 000 евра) од областа на животната средина. Проекти кои би биле начелно прифатени од нивна страна би биле поддржани од ,,LIFE” -фондот на Европската Унија.
Во оваа почетна фаза е потребно претставниците на здружението да се запознаат со нашата Општина во состав на регионот и да им се испрезентираат приоритетните предлог-проекти кои се од особен интерес за општината, наведено е во соопштението на Општина Виница.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)