Текстилните компании и „Гласен Текстилец” бараат под итно да се донесе петтиот пакет на мерки...

24 Мар 2021
398 пати

Веднаш да се донесе петтиот пакет на мерки, со кои ќе се субвенционираат платите на вработените, но и ќе се зачуваат работните места до јуни, апелираат работодавците од текстилниот сектор и Граѓанската организација „Гласен Текстилец”.

Кирил Нашков претставник на штипските текстилни компании во Кластерот за текстил вели дека црното сценарио за отпуштање на работниците е и до 50 отсто од вкупниот број на вработени во овој сектор, а голем дел од фабриките да се затворат.

– Уште лани ние кажавме дека ова ќе биде борба за вработените, борба за работни места и во време кога не напаѓаа дека ние печалиме на грбот на вработените. Ние уште ќе се бориме, до последен момент. Ние имаме луѓе кои кај нас се вработени и над 20 години, не е едноставно на тие луѓе да им се каже да си одат дома. Сите фирми ќе прават се што е во нивна моќ да ги задржат вработените, меѓутоа некое црно сценарио, јас би рекол некаде и можеби и до 50 отсто од вработените би можеле да ја загубат работата, вели Нашков.

Посочува дека најголем удар ќе има во текстилните градови Штип, Прилеп и Кочани. Неколку месечниот лок даун во Германија, кој продолжува и во април дополнително им нанесува удар, бидејќи зимската колекција стои во магацините, а сега е меѓу сезона. Бизнис секторот не знае и дали ќе имаат нови налози, бидејќи наредните месеци треба да ја шијат новата зимската колекција.

Кристина Ампева од Невладината „Гласен Текстилец”-Штип вели дека состојбата во текстилниот сектор е лоша. Апелира да се донесе петтиот пакет на мерки, со цел да се зачуваат работните места и работниците да не се соочат со откази за неколку дена.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)