Од полноќ нови цени на горивата...

15 Мар 2021
304 пати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 % во однос на Одлуката од 8.3.2021 година.

„Минатата недела цените на двата референтни типа нафта, Брент и американската WTI, на светските берзи бележат раст како резултат на намалената испорака од сурова нафта од страна на големите произведувачи. Дополнително влијае и факторот на имунизација кој влева оптимизам за враќање во нормала на економскиот живот со што се очекува и оправување на побарувачката од сурова нафта на светскиот пазар во втората половина од оваа година.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.03.2021 година.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)