ОД НОЌЕСКА ПОВТОРНО ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА...

22 Фев 2021
308 пати

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажните цени на бензините Еуросупер бс-95 и Еуросупер бс-98 се зголемуваат за 1,00 денар.

Со тоа малопродажната цена на Еуросупер бс-95 изнесува 64,50 ден/лит, додека цената на Еуросупер бс-98 изнесува 66,00 ден/литар.

Малопродажните цени на Еуродизел и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари и со тоа малопродажната цена на Еуродизел изнесува 55,00 денари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)