Од полноќ горивата поскапи!

08 Фев 2021
116 пати

Во однос на минато неделната одлука, малопродажната цена на горивата се корегира и тоа нагоре. Така, на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува цената за 1,50 денар/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,00 ден/лит.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)