Испечатете ја страната

Цените на горивата се намалуваат, дополнителната акциза укината...

22 Јан 2021
264 пати

Регулаторната комисија за енергетика донесе вонредна одлука за намалување на малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ

Најновата, вонредна одлука на Регулаторната комисија за енергетика предвидува намалување на малопродажните цени на горивата во нашата земја. Причина за сето ова е укинување на дополнителната акциза на горивата која беше воведена како мерка во вонредната состојба, со што од вечерва на полноќ цените на нафтените деривати ќе поевтинат за 2 денари.

Според сето ова, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 од вечерва ќе се точи за 61 денар, Еуросупер БС-98 ќе чини 63 денари по литар гориво, додека пак Еуродизелот ќе се продава по 52,50 денари по литар.

Од таму истакнуваат дека усогласувањето на новите цени на горивата доаѓа со одлука откако престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите во време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ на сила стапува Законот за акцизи. Со ова практично се укинува дополнителната акциза, а тоа доведува и до поевтини цени на горивата, по серијата поскапувања.

„Овие цени ќе важат, се до донесување на нова одлука. Како што знаете, РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбта, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши
соодветно усогласување на одлуката“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Последни објави radiokocani.mk