Пристигна петтата генерација на Intel® Core™ фамилија на процесори

08 Јан 2015
1410 пати

Интел ја откри петтата генерација од Intel® Core™ фамилија на процесори. Градена на најсовремениот

14нм процес на мануфактура, петтата генерација на Интел процесори испорачува премиум перформанси, прекрасна графика и овозможува подобрен работен век на батеријата со што го носи компјутерите на следното ниво. Перформансите дополнително овозможуваат природни и интерактивни искуства со Intel® RealSense™ технологијата, Intel® Wireless Display (Intel® WiDi) и гласовните асистенти. „Broadwell” микроархитектурата се очекува да биде најбрзата мобилна транзиција во историјата на компанијата, нудејќи им на потрошувачите широк избор и достапност на уреди, процесорите од петтата генерација на Интел се направени за следната генерација компјутерски уреди со цел да понудат тенки, лесни и поефикасни искуства преку традиционални лаптопи, 2 во 1 уреди, „All-In-One“ и „mini“ компјутери.
Интел исто така го започна испорачувањето на својата следна генерација на 14нм процесори за таблети, со кодно име „Cherry Trail”. Новиот систем на чип ќе понуди нови искуства како Intel® RealSense™ технологија, безжично поврзување и Intel® Context Aware™ технологија. Новите продукти базирани на „Cherry Trail” ќе бидат претставен во првата половина од 2015 година.
За повеќе информации за овие продукти, погледнете ги спецификациите „5th Gen Intel Core“ и „Cherry Trail“.

За Интел

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Како лидер во општествената одговорност и одржливост, Интел ги произведува првите комерцијално достапни “conflict-free” микропроцесори. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com и за напорите на Интел за “Conflict-free” на http://conflictfree.intel.com.

КОНТАКТ: MANUELA CIUGUDEAN-TOMA
PR Manager Central and Eastern Europe
+40 21 203 15 94
+40 720 06 08 55
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.