Виница – Ќе се доградува филтер станицата со близу 24, 5 милиони денери

17 Ное 2020
88 пати

Градоначалникот на општина Виница - Ивица Димитров денеска го потпиша договорот за Доградба на филтер

станица за прочистување на водата за пиење за Виница и за снабдување со санитарна вода за селото Лески.
Финансиските средства за реализација на овој договор се со во вкупен износ од
24 467 715 денари со вклучен ДДВ, при што Министерството за транспорт и врски има обврска да исплати вкупен износ од
23 519 132 денари, а општина Виница се обврзува да учествува со износ од 948 583 денари.
,,Со реализација на овој проект трајно се решава проблемот за жителите на село Лески и повеќе ќе нема никакви проблеми со водоснабдување во ова село'' – информираше, градоначалникот Димитров.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)