Јапонската амбасадорка ја посети Виница

10 Сеп 2020
173 пати

Во официјална посета на Виница вчера престојуваше амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда. На

состанокот кој се одржа во ЈП Солидарност се разговараше за понатамошната соработка во повеќе области - како во областа на културата така и во бизнисот помеѓу општина Виница и Јапонија.
Благодарност за добиениот мини ровокопач изразија градоначалникот Ивица Димитров и директорот на ЈП Солидарност, Александар Трајков. Ова е втора посета на Виница на амбасадорката Ханеда, а градоначалникот Димитров истакна дека се надева на повторна соработката преку грантови од страна на амбасадата на Јапонија во општина Виница.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.