Општинскиот кризен штаб повторно ќе ја разгледува одлуката за реорганизирање на Градскиот пазар

21 Мај 2020
157 пати

Со заклучок од последната седница на Општинскиот кризен штаб, од денеска Градскиот пазар во Кочани е

отворен за продажба на текстил и стока за широка потрошувачка, но реорганизиран според мерките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот.
Дел од продавачите утрово изразија несогласување со таа одлука и побараа прием кај градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.
– Одлуката е на Општинскиот кризен штаб, така што не можам сам да ја менувам. Затоа со претставници на продавачите на текстил на Градскиот пазар се договоривме за неа да дискутираме на следната седница на Општинскиот кризен штаб, на почетокот на идната седмица, на која ќе можат да присуствуваат и тие – соопшти по средбата, градоначалникот Илијев.
Денеска, пазарот во Кочани функционира со забрана за поставување тезги на улицата „Гоце Делчев“. Службите од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ за оваа намена го подготвија просторот спроти Пешачко-трговскиот мост, откај улицата „Борис Трајковски“.
Во организирањето на новиот распоред и спроведувањето на мерките за заштита од КОВИД-19 на Градскиот пазар во Кочани учествуваа општинските комунални инспектори и редари, Територијалната противпожарна единица, а со делење маски за продавачите и за купувачите, поддршка даваат и волонтерите од Црвениот крст.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)
Повеќе во оваа категорија: « Виница – Отворен градскиот пазар

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.