Се асфалтираат улиците од Проектот за подобрување на општинските услуги

29 Апр 2020
297 пати

Почна асфалтирањето на дел од планираните единаесет улици во Кочани од Проектот за подобрување на општинските услуги.


Во Тркање веќе се асфалтирани улиците „Борис Ефтимов“ и третиот крак од „Маршал Тито“.
Во Оризари се асфалтира улицата „АСНОМ“, а работите ќе продолжат на двата крака од „Раде Кратовче“.
Градежните работи ги изведува фирмата „Ленди груп“, избрана согласно критериумите и процедурите на Светска банка.
Со одобрените средства од Меѓународната банка за обнова и развој, од компонентата Општински инвестиции ќе се асфалтираат и улиците: „Кирил и Методиј“, „Скопска“, „560“, „Стефка Тасева“ (со „Скоевска“ и „555“), „Петар Синадинов“ и „Искра“ во Кочани.На дел од нив веќе се гради атмосферска канализација, потпорни ѕидови и тротоари. Од вкупно единаесетте, шест улици се во градот Кочани, а пет се во руралниот дел.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.