Виница – Се изготвува Стратегија за развој на туризмот

13 Фев 2020
83 пати

Развој на квалитетни човечки и институционални капацитети; развој на туристичка

иннфраструктура; туристичка понуда, промоција, заштита; се трите приоритети врз основа на кои треба да се изработи Стратешкиот документ за развој на туризмот во Виница за наредните 5 години. На првата работилница своите ставови, видувања, забелешки , сугесттии и визии во која насока треба да се развива туризмот во Виница го изнесоа претставници од општинската администрација, невладиниот сектор, од бизнис секторот и угостителските капацитети, како и професорите Дејан Методијески; Оливер Филипоски, Нако Ташков од здружението “Туристика“ од Скопје.
Културолошки, етно, гастрономски, рурален, бањски, спа, планински, рекреативен туризам, Виница има природни ресурси и потенцијали за развој нa сите видови туризам, но неопходни се и човечки капацитети кои квалитетно ќе ги користат и промовираат тие ресурси.
Изработката на Стратегијата за туризам за општина Виница е поддржана од Министерството за економија и овој документ треба да биде со важност од 5 години.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.