„Пејпр Мил“ – Филтерот ќе се постави до крајот на ноември

14 Ное 2019
866 пати

Пред една седмица Државниот инспекторат за животна средина донесе решение со кое се забранува

работата на правниот субјект „Пејпр Мил“ од Кочани, заради континуирано надминување на граничните вредности, за дозволени емисии на загадувачки супстанци во отпадните гасови.
Согласно решението, од „Пејпр Мил“ се должни во рок од 30 дена додека трае забраната за работа, да ги отстранат недостатоците кои предизвикуваат загадување на воздухот со јаглерод моноксид.
За таа цел денеска новинарска екипа од Радио Кочани ја посети фирмата во која беа присутни дел од раководните структури и дел од работниците кои ги извршуваа своите работни задачи. Оттаму, разбирливо, не се задоволни од ваквата одлука на Инспекторатот бидејќи на веќе постоечко решение за забрана, се издава ново. Наведоа дека се согласни со констатацијата дека од оџакот на котларата на нивната компанија излегува јаглерод моноксид над дозволените граници и дека токму од тие причини по соодветните сопствени анализи, порачале филтер уште при донесувањето на првото решение за забрана.
Се надеваат дека со тоа до крајот на ноември наведените недостатоци во кои нема штетни ПМ честици ќе бидат отстранети, а фабриката, во која околу 120 вработени ја обезбедуваат својата егзистенција, ќе продолжи со рециклажа на отпадна хартија на ниво на целата држава. Потенцираа, загадувањето во Кочани било присутно уште пред да се префрлат на пелети, во периодот додека нивната котлара работела со метан како енергенс.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.