Со пробивање улици во Лесна индустрија – овозможен пристап до продадени градежни парцели

08 Окт 2019
106 пати

Градежната оператива на изведувачот Калина, изминава седмица работи на пробивање на улицата 560,

којашто се наоѓа над Десниот магистрален канал во зоната Лесна индустрија.
Според стручните служби од Одделението за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани се пробива улица во должина од 210 метри, со ширина на коловозот од 7,5 м и со тротоари по 1,5 метар од двете страни. Пробивањето ќе продолжи со 160 метри од улицата „Февруарски поход“. Планирањата за актуелните градежни работи опфаќаат пробивање и тампонирање, додека асфалтирањето се очекува да влезе во инвестициите за наредниот период.
– Работиме на пробивање улица во Лесна индустрија, каде уште од 2014 година се продадени градежни парцели за кои не е испочитуван договорот за обезбедување на степенот на уредување на градежното земјиште. Дел од граѓаните што ги купиле своите плацеви плаќаа казни, а не беа во можност да отпочнат со градба. Пробивањето на улиците „560“ и „Февруарски поход“ ќе овозможи проширување на зоната Лесна индустрија и можност за реализација на нови домашни инвестиции – соопшти градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.
Во функција на развојот на индустриската зона во Кочани, во Програмата за капитални инвестиции за оваа година е влезено и асфалтирање на улицата што води од конфекцијата „Алекс“ кон мостот над каналот.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.