Министерката Апостолска во „Амфенол“ – Бројот на вработените од 1 700 ќе се искачи на 2 500

06 Јул 2019
882 пати

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, ја посети американската

компанија „Амфенол“ во Кочани, и се сретна со дел од менаџментот. Прошета низ производствените погони со цел да се запознае со инвестициските проекти кои се во тек, како и и со самиот производствен процес на жичани склопови кои наоѓаат широка примена во автомобилската индустрија.
„Амфенол“ е една од компаниите со кои Владата на Република Северна Македонија има потпишано Договор за финансиска поддршка за капитални инвестиции во нови машини и опреми, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
На средбата со извршниот директор на компанијата Сашко Наков, министерката Апостолска беше информирана за тековните инвестиции, за проширувањето на производствените капацитети со нови машини кои во себе интегрираат современа технологија, како резултат на што се очекува да продолжи позитивниот тренд на раст на производството и отворањето на нови работни места.
При тоа изрази задоволство од тоа што како резултат на новиот инвестициски циклус менаџментот очекува бројот на вработените во компанијата од околу 1.700 да се искачи на околу 2500 вработени наредната година.
Министерката Апостолска беше информирана за грижата на компанијата за вработување на млад стручен кадар, за која цел веќе се спроведуваат програми со локалните образовни институции, како и за континуираната квалификација и доквалификација на вработените.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.