Се одржа втората сесија од Форумот во заедницата во Кочани

29 Јун 2019
204 пати

Вчера во холот на ООУ Свети Кирил и Методиј во Кочани, се одржа втората сесија од Форумот во заедниците

, како дел од активностите во рамките на проектот на УНДП – „Зајакнување на општинските совети“.

Пред присутните беа претставени проектните идеи на тема социјална инклузија и заштита, за кои во перидот меѓу двете сесии, со претставници на работните групи беа развиени предлог-концепти, според посочените форумски правила и критериуми.

– Од работните групи формирани на првата сесија, беа претставени предлог-концептите за формирање социјален клуб, реконструкција на кров на објект од Детската градинка „Павлина Велјанова“ и забавно-рекреативен центар во кругот на ОУ „Малина Попиванова“. Презентираните концепти беа одобрени од Форумот. За идеите од првата сесија кои не се развија во предлог-концепти беа дадени образложенија и препораки до Општината – соопшти Васка Драшковиќ, модераторка на Форумот.

Следната сесија е најавена за септември, до кога ќе се подготвуваат предлог-проектите според образецот на Форумот. На крајот, учесниците ќе ги изберат најприоритетните проекти за кои ќе бидат наменети 50 000 швајцарски франци од проектниот фонд, средства од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.