Јавна расправа за намена на средства од кредитна линија

17 Мај 2019
98 пати

Во вторник, на 21 мај 2019 година, со почеток во 11 ч. во салата на Советот на Општина Кочани ќе се одржи

јавна расправа за долгорочно задолжување на Општина Кочани во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги.
Учествувајќи на оваа јавна расправа, граѓаните на Кочани ќе имаат можност да дадат придонес во определувањето на приоритетите од патната инфраструктура во Кочани и во населените места.
Општина Кочани ги повикува граѓаните, претставниците на урбаните и месните заедници да земат учество во јавната расправа.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.