Основци од Кочани со екоакција за употреба на платнени торби наместо пластични ќеси

23 Апр 2019
34 пати

По повод 22 април, Денот на планетата Земја, Eкоодборот на ОУ Св. Кирил и Методиј изведе акција под наслов

„Ќесе? Не, благодарам“.

Акцијата беше организирана со поддршка од неколку конфекции од Кочани, кои изработија платнени торбички, коишто учениците ги делеа на купувачите со цел да ја истакнат потребата од намалување на пластичните ќесиња како загадувачи на животната средина.

– Со оваа акција порачуваме дека е потребно поголемо внимание кон животната средина и јакнење на свеста дека секој од нас носи одговорност за тоа. Мотото за одбележување на Денот на планетата Земја за оваа година е заштита на животинските и растителните видови, кои се сè повеќе загрозени од загадувањето на средината. Во таа смисла, ги замолуваме граѓаните кога ќе појдат на пазар да си ги земат своите платени торбички и да не купуваат ќеси за една употреба, кои завршуваат како отпад, а многу тешко се разградуваат и се штетни за животната средина – рече Љубица Теодосиева, координаторка на Екоодборот.

Пролетва, учениците ќе организираат уште неколку вакви акции пред големите маркети во Кочани, со цел да придонесат кон побрзо екоосвестување.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.