Амбасадорот на Кралството Холандија вo модната конфекција „Данитекс“

15 Апр 2019
293 пати

Делегација од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, предводена од амбасадорот господин Ваутер Пломп, оствари

официјална работна посета на модната конфекција "Данитекс" Кочани.
- На истата го запознавме Амбасадорот со резултатите од повеќегодишната соработка со модните брендови Expresso Fashion и Claudia Strater и двете со седиште во Амстердам, Холандија, Нашата компанија „Данитекс“ има одлична бизнис релација со овие две модни куќи од Амстердам и месечно за нив произведува околу 10,000.00 парчиња на женска конфекција, се наведува во соопштението доставено до медиумите од страна на компанијата.
Амбасадорот имаше можност да се запознае и со современите произодствените капацитети на компанијата и со производствениот програм наменет за извоз во Холандија.
На средбата беа презентирани и бројните инвестиции кои „Данитекс“ ги има реализирано изминатите неколку години како изградбата на деловен простор од 3,500.00 м2, кој ги задоволува сите Европски стандарди за работа.
Амбасадорот истакна дека е импресиониран од успешното работење на „Данитекс“, од извозните активности на компанијата и соработката со неколку холандски компании што е од значење за двете земји.
Од менаџментот на „Данитекс“ посочија дека посетата на амбасадорот на Крлаството Холандија преставува огромна чест за компанијата, која е подготвена за да ја продлабочи соработката и со други компании од Холандија.

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.