Медиуми – Асоцијацијата на локални радија се состана во Кочани

12 Апр 2019
191 пати

Асоцијајацијата на локални радија во Македонија – АЛРА, во Хотелот Амор во Кочани ја одржа конститутивната седница на Управниот одбор на

здружението. Владимир Тевчев, основач и новинар на 5 ФМ Радио од Велес, е избран за претседател. Во состав на УО на оваа Асоцијација на приватни локални радија од источниот регион влезе Илчо Лазаровски, основач и новинар на Кочани ФМ Радио.
Во АЛРА се зачленети педесет приватни локални радио-станици. Нејзината улога е афирмација на локалните радија во државата, укажување на јавниот интерес од нивното постоење и од информациите што ги пласираат и се значајни за граѓаните. И секако, улогата на АЛРА е и борба за интересите на своите членки на медиумската сцена во Македонија.
Васко Чукарков, основач на Радио Галакси од Кавадарци е претседател на Асоцијацијата на локалните радија.
На конститутивната седница на УО на АЛРА се разговараше за актуелни теми во врска со начините на опстојување на локалните радија, како едни од најзначјните медиуми од кои граѓаните се „снабдуваат“ со информации од важност за нив. Опште е заклучокот дека радиата несразмерно малку добиваат од рекламниот колач во државата во однос на улогата што ја имаат на локален, регионален па и на национален план. Беше кажано дека се наоѓаме во кампања за претседателските избори, во која, учесниците трошат и народни пари за рекламирање на кандидатите и нивните програми. Само незначителен дел од средствата за платената политичка програма се слева кај локалните радија, заклучија членовите на УО на АЛРА.
Асоцијацијата, за ова, ќе упати укажување до надлежните институции во државата (АВМУ, ДИК...).
Наскоро ќе има нова средба на претставниците на приватните локални радија на која ќе се договорат понатамошните активности.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.