Јавното претпријатие „Македонски шуми“ заинтересирано да биде управувач на идното заштитено подрачје „Осоговски Планини“

01 Мар 2019
140 пати

На 26 и 27 февруари во Инфоцентарот на Пониква се одржа работилница за разгледување поволен

модел за управување за идното заштитено подрачје „Осоговски Планини“. На оваа работилница учествуваа високи претставници од релевантните министерствата (МЖСПП и МЗШВ), општините кои гравитираат кон Осоговските Планини, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и претставници на други релевантни институции.
Во рамките на работилницата беа презентирани модели на управување од соседните земји Република Бугарија и Република Србија, а беше истакнато од присутните експерти дека претпријатието „ Србијешуме “ управува со 50 проценти од заштитените подрачја во Република Србија, а исто така шумарскиот сектор односно Асоцијацијата на паркови во Бугарија управува со пониските категории како категорија V заштитени подрачја.
Моделот за управување беше дискутиран со сите клучни страни (носители на одлуки на МЖСПП, МЗШВ, општините кои гравитираат кон Осогово, ЈП „Македонски шуми“- Скопје и подрачните единици), а високи претставници од претпријатието „Македонски шуми“ изразија подготвеност да се вклучат како управувачи во идното заштитено подрачје „Осоговски Планини“.
Градоначалниците од регионот се изјаснија дека стојат зад овој процес за прогласување на заштитено подрачје на Осогово, но заради ограничените капацитети, технички и стручни (човечки) ресурси и ограничените финансиски ресурси немаат капацитет директно да управуваат со заштитеното подрачје, пред сè поради големината на подрачјето. При тоа се заклучи дека ЈП „Македонски шуми“ се најпогодна засегната страна на која би ѝ се доделило идното управување, а истовремено тие ја истакнаа подготвеноста да ги прифатат предизвиците и да дефинират структура што ќе одговори на задачата пред сè поради површините под шуми на просторот кој административно зафаќа 7 општини и заради моменталните ингеренции над шумските екосистеми како и екипираноста со човечки ресурси и познавање на теренот.
Согласно законските основи дефинирани се модел и предлог-структура за управување која ќе биде доработена подетално во наредниот период заедно со ЈПМШ и ќе биде дел од Студијата за валоризација на природните вредности на Осоговските Планини во делот за предлог-управувач на подрачјето.
Во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија во следниот период ќе треба да се спроведе кампања за идното заштитено подрачје, серија на јавни настани и состаноци со сите засегнати страни. Целиот процес треба да кулминира со прогласување на подрачјето за заштитено со одлука на Влада, а потоа и да се изработи план за управување на „Осоговските Планини“ како ново заштитено подрачје.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.