Денеска - „ЕУ за ТЕБЕ" повторно патува: Кочани

27 Фев 2019
236 пати

Денеска, 27 февруари 2019, Амбасадорот Самуел Жбогар и Никола Бертолини, Раководител на секторот за

соработка во Делегацијата на Европската Унија ќе го посетат Кочани во рамки на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ".

Кочани е втората дестинација во серијата посети фокусирани на младите, за време на кои Амбасадорот Жбогар и младите луѓе ќе дискутираат и ќе разменат мислења за Европската Унија.

Локалната НВО Младински Образовен Форум (МОФ) е исто така составен дел на серијата дебати со младите. МОФ води 15 младински клубови во 8 општини ширум земјата, во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Младинско изразување".

Никола Бертолини, Раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ, ќе одржи работилница на која ќе ги презентира фондовите на ЕУ, со инструкции како тие подобро да бидат искористени. Работилницата, која е отворена за јавност, ќе започне во 10:30 часот во Хотел ресторанот „АМОР".

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.