И оваа година Рудник САСА продолжува со финансирање на значајни проекти за развојот на локалната заедница

29 Јан 2019
54 пати

Членови на менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк САСА го одржаа редовниот годишен

состанок со здруженијата и институциите од локалната заедница. Целта на состанокот што го организираше САСА е натамошно унапредување на комуникацијата и соработката меѓу компанијата и локалната заедница, како и запознавање на компанијата со потребите на заедницата, преку активностите и плановите на организациите и институциите што ја претставуваат.
На состанокот присуствуваа претставници на 19 локални здруженија и институции кои доставија вкупно 15 предлог-проекти. Своите планови и проекти за 2019-та година ги доставија претставниците од основното и средното училиште во Македонска Каменица, од јавното претпријатие „Камена река“, од граѓанските организации „Порака“ и „Надеж“, од градските спортски клубови за фудбал, шах, лов и риболов, од културно уметничко друштво „Вера Јоциќ“, како и од еколошкото друштво „Здравец 2002“.
„Да се биде општествено одговорна компанија значи да се биде свесен дека покрај за сопствениот развој, треба да се води сметка и за развојот на заедницата на која ѝ припаѓаме. Ова е принципот по кој се раководи нашата компанија и затоа во рамките на своите можности секоја година одвојуваме финансиски средства за реализација на приоритетните проекти и активности на локалните граѓански организации, спортски клубови и инстиутуции. Овој годишен состанок е добар начин да се запознаеме со нивните планови и приоритети“, рече генералниот директор на САСА, Олег Телној.
Во донесувањето на конечната одлука за тоа кои проекти ќе бидат финансиски поддржани оваа година, САСА ќе се раководи од нивната долгорочна одржливост и очекуваните позитивни ефекти што овие проекти ќе ги донесат за унапаредување на квалитетот на животот на жителите на Македонска Каменица и нејзината околина.
Во текот на 2018-та, рудникот САСА обезбеди финансиска поддршка за реализација на голем број проекти и активности од локално значење, меѓу кои: организација на Каменичко културно лето, изградба на ново спортско игралиште во градот, набавка на нова опрема за потребите на средното училиште и на канцеларијата за лицата со посебни потреби, набавка на специјално возило за потребите на јавното комунално претпријатие, како и поддршка за функционирањето на фудбалските и кошаркарските клубови во градот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.